Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПОЕФИКАСНО ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРОГРАМАТА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА РУРАЛНИОТ РАЗВОЈ
Untitled Document

Во согласност со Годишниот акционен план за комуникација и публицитет за 2013 година, во организација на Секторот за туризам и локален екомски развој и Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој, денеска    се одржа едукативно информативната работилница со што заинтересираните граѓани, земјоделци и приватни стопанственици и пошироката јавност, како и претседателите на месните заедници на селата во Општина Охрид беа запознаени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013на Агенцијата за финансиска подршка на земјоделството и руралниот развој.

Упатства за корисници, национални програми, новите измени во ИПАРД Програмата кои се донесени со цел поуспешно искористување на овој европски фонд  беа дел од дискусијата на одржаната работилница.

Пред присутните беа презентирани проекти и програми поврзани со инфраструктурни планови( обнова на електрична мрежа, пристапни патишта до 1 км, обнова на водоводни и канализациони инсталации), уредување на туристички и излетнички места во рурални области ( уредување на паркови, плоштади итн.) кои во иднина треба да се остварат во општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1251  пати
Објавено на: 19.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©