Пешачката патека на ул.„АСНОМ„ во населба „Охридати„ од денеска е санирана и повторно проодна за пешаци. Имено, физички лица бесправно имаа засадено повеќегодишни зимзелени дрвја на самата јавна површина, пешачка патека, која веќе подолг период беше вон функција и непроодна за пешаци. По налог на локалната самоуправа екипите на Комуналец извршија сечење на дрвјата и пешачката патека е ставена во функција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |