Во просториите на општина Охрид, вчера попладне, се одржа средба помеѓу одговорните од Локалната самоуправа, директорите на Јавните претпријатија и жителите од урбаните заедници „15ти Корпус“ и „Гоце Делчев“.
На средбата се разговараше за актуелните потреби кои ги имаат жителите од овие две урбани заедници, како и за идеи за понатамошно планско развивање на просторот од овие урбани заедници.
На средбата покрај Секретарот на општина Охрид, беа присутни и раководителите од Локалната самоуправа и директорите на Јавните претпријатија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |