Општина Охрид преку Секторот за Туризам и Локален Економски Развој ги продолжува активностите за подготовка на Стратегија за Рурален Развој 2014- 2018. (прв стратешки документ на Општина Охрид од овој вид).
За таа цел Одделението за Локален Економски Развој ќе организира трета работилница на 30 Октомври (Среда) 2013 год. со почеток од 12:00 часот во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој со претставници на Месните Заедници од селата : Куратица, Речица, Свињишта, Завој, Опеница и Плаќе.
На третата работилница ќе се работи SWOT Анализа за наведените села.
Извор: www.ohrid.gov.mk |