Делегација на Дирекцијата за стоковни резерви на Република Хрватска , предводена од директорот и помошник министер Иво Милатиќ, денеска имаше средба со заменик градоначалникот Ангел Јанев. На средбата беа разменети искуства во врска со структурата на стоковните резерви и задолжителните резерви нафта и нафтени деривати на ниво на општини, поради поефикасно делување и евентуално помагање во случај на катастрофи или елементарни непогоди.
Гостите од Република Хрватска се интересираа и за состојбите во туризмотот и предложија да се иницира поблиска соработка меѓу туристичките работници од двете држави.
Извор: www.ohrid.gov.mk |