Во рамки на проектот за уредување на нови 40 зелени катчиња кои
секојдневно никнуваат и го красат нашиот град, Јавното претпријатие
„Охридски Комуналец“ и приватната компанија „Левидиа“ , денеска кај „Горна
порта“, организираа акција за засадување на бадемови дрвца.
Акцијата беше подржана од Локалната самоуправа,а првите дрвца ги засадија
градоначалникот Никола Бакрачески, секретарот Димитар Спасески, пратеникот
Александар Николоски, директорката на ЈП „Охридски Комуналец“ Елена Скрческа
и претсавничката на компанијата „Левидиа“ Јасмина Луканова.
Денеска беа засадени 30, а во наредните денови ќе се засадат 150 бадемови
дрвца во месноста „Лабино“, „Канео“ и на други локации низ стариот дел на
градот. Инаку дрвцата бадеми се донација од турската компанија „Левида“, а
засадувањето на дрвцата ќе трае во текот на целата 2014 година. Ваквата
акција ќе продолжи и наредната година, со засадување цреши. Акцијата е дел
од големиот проек за разубавување и зачувување на автентичноста на стариот
дел од градот.