Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД УСПЕШНО ПРЕТСТАВЕН НА ТРЕТИОТ ГЛОБАЛЕН СОСТАНОК НА ГРАДОВИТЕ СО ЕЗЕРА ВО ИСЕО- ИТАЛИЈА
Untitled Document

Во рамки на работниот престој во Италија,градоначалникот на Охрид,  Никола  Бакрачески  имаше успешно  учество на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на Европската мрежа на езера што денес се одржува во градот Исео.

 На  состанокот  се направи ретроспектива на досегашната соработка, се презентираа  проектите,  „LAKtive tourism“  и „СУ Спорт од Ерасмус“   како  и   Програмата и проектот „Дијалализа за време на одмор“.

Општина Охрид имаше своја презентација  со свои сугестии и идеи за унапредување на европската соработка, како и подобра реализација на започнатите активности и проекти.  На состанокот на официјалните делегации на европската мрежа на езера беа посочени можностите за идна  партнерска соработка (европски проекти и иницијативи).

Потоа следеше  Работна средба(сесија) на  проектните партнери од  проектот LAKtive tourism со претставници од Италија,Словенија,Шпанија, Ирска и Македонија- Оштина Охрид.
По завршувањето на работните средби, започна Церемонијата на свеченото отворање на Седмото Издание на Фестивалот на езерата во Исео, Италија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1380  пати
Објавено на: 28.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©