Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА ЗА ПРОГРАМАТА „ОПШТИНСКО - КОРИСНА РАБОТА“
Untitled Document

Поттикнати од интересот за програмата „ Општинско- корисна работа“ која се реализираше во 2013 година како и од постигнатите резултати, активностите опфатени со оваа програма продолжуваат и во 2014 година- ова беше речено на денешната регионална средба  што се одржа во Охрид.


Информативната средба ја организираше УНДП во соработка со Агенција за вработување и Министерство за труд и социјална политика , со цел навремено и детално информирање на општините за програмата и споделување на искуствата од општините вклучени во програмата во 2013 година.


Програмата Општинско корисна работа има за цел да обезбеди поголем број на услуги од социјална сфера за сите граѓани. Таа на тешко вработливи лица им нуди можност за работен ангажман со скратено работно време, како и стекнување на одредени знаења и вештини за полесно вклучување на пазарот на трудот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1243  пати
Објавено на: 20.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©