Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО ОПОМЕНА ДО КОНЦЕСИОНЕРИТЕ НА ПЛАЖИТЕ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО
Untitled Document

Во изминатов период констатирани се низа пропусти во однос на почитувањето на концесиските договори за закуп на плажите на Охридското Езеро а особено не се почитува обврската 30% од плажата да биде слободна без лежалки, за да можат граѓаните на Охрид и туристите кои го посетуваат Охрид непречено да уживаат во убавините на Охридското езеро.

Од тие причини Општина Охрид упатува јавна опомена до концесионерите на плажите на Охридското Езеро и притоа ги повикува на доследно почитување на оваа одредба од концесискиот договор во пресрет на претстојниот викенд и останатиот дел од туристичката сезона кога се очекува присуство на голем број посетители на плажите.

За општина Охрид почитувањето на одредбата за слободни површини на плажите претставува многу значаен дел од договорот за закуп на плажите и секогаш ќе бара доследно спроведување на оваа одредба.

Инспектори на општинскиот инспекторат во текот на викендот ќе спроведуваат зачестени контроли пред се контролирајќи го овој дел од договорот за концесија на плажите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1377  пати
Објавено на: 29.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©