Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески синоќа во охридското
село Велгошти присуствуваше на десеттиот турнир во Мал Фудбал
“Велгошти 2014“што по традиција се одржува во очи на големиот христијански
празник “Св. Петка“. Годинашен победник на турнирот односно со
освоено прво место е екипата на АСП ПАК која ги измери
силите против екипата на ”Мистер Ај”.
Медалите на првопласираните и пехорот им ги врачи градоначалникот на Охрид
Никола Бакрачески.
Инаку на турнирот имаше голема посетеност, трибините на игралиштето во
Велгошти беа премали за сите кои сакаа да го гледаат фудбалот.
Извор: www.ohrid.gov.mk |