Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ОХРИД СЕ ОДРЖА ВОСПИТНО ОБРАЗОВНАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ДЕТСКИ СЕМАФОР“
Untitled Document

Во организација на Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, воспитно образовната манифестација „Детски семафор“ заврши со натпреварот одржан во саботата. На натпреварот зедоа учество екипи од основните училишта од Општина Охрид, составени од по шест натпреварувачи.
Натпреварот се состоеше од два дела: теоретски, преку тестирање кое се одржа во просториите на ОУ „Христо Узунов“ и практичен дел кој се одржа на ул. „Кеј Маршал Тито“.
По завршување на практичниот дел за прв пат на оваа манифестација за натпреварувачите во содејство со општинската организација на Црвен крст, се изведе показна вежба за укажување помош на лице повредено во сообраќајна несреќа (возач на велосипед).


Екипно најдобри резултати постигнаа:
Прво место ОУ „Кочо Рацин“ , второ место ОУ „Григор Прличев“ и трето место ОУ „Живко Чинго“ с. Велгошти

 

Поединечно најдобри резултати постигнаа:
 
Во женска конкуренција првото место го освои Марија Јолеска од ОУ „Кочо Рацин“  која за освоетното место како награда доби велосипед, второ место и припадна на Каролина Ѓореска од ОУ „Кочо Рацин“, а беше наградена со таблет и третото место и припадна на Јана Петреска од ОУ „Григор Прличев“ која за награда доби фотоапарат.
 
Во машка конкуренција првото место го освои Бојан Илиоски од ОУ „Кочо Рацин“, кој беше награден со велосипед, второ место освои Наум Шибакоски од ОУ „Живко Чинго“ , кој беше награден со таблет и трето место освои Мартин Силјаноски од ОУ „Кочо Рацин“ и беше награден со фотоапарат.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 07.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©