По повод верскиот празник Курбан Бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески, упати честитка до верниците од исламска вероисповед, во која им посакува многу здравје, среќа и бериќет во нивните семејства.
-Празнувањето на Курбан Бајрам поминете го во кругот на семејството, роднините и пријателите, во хармонична и весела атмосфера и во духот на спокојството и меѓусебната солидарност. Вашите мисли и срца нека бидат свртени кон мирот, радоста и заедништвото, како основни вредности за меѓусебно почитување и квалитетен соживот- се вели во честитката на градоначалникот Никола Бакрачески по повод празнувањето на Курбан Бајрам .
Извор: www.ohrid.gov.mk |