Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕПОРТАЖА ЗА ОХРИД ЌЕ СНИМА ЕДНА ОД НAЈПОЗНАТИТЕ ТЕЛЕВИЗИИ ВО КИНА
Untitled Document

Наредниов  период  Охрид туристички поагресивно ќе се промовира на кинескиот пазар со цел привлекување поголем број кинески туристи  кај нас. По неодамнешната работна посета во Народна Република Кина, градоначалникот Никола Бакрачески очекува кинеските тур – оператори и туристички агенции да го вклучат  Охрид  во туристичките  европски тури.
При работната  псета во  збратимениот град на Охрид , Далјан  , договорено е  националната телевизија која покрива популација на гледачи од околу 7 милиони жители а во соработка со други државни телевизии гледаноста е  100 милиони жители, да сними промотивна репортажа за Охрид. 


-Договоривме во текот на месец април 2015 година , професионална екипа   да  дојде и да направи  репортажа за градот Охрид  која неколку кратно би била проследувана на државната телевизија  на Далиан и неколку државни телевизии во Народна Република Кина. Очекуваме  Бирото за  туризмот во Далиан ,заедно со локалните власти  да  помогнат во   промоција и претставување на Охрид пред кинеските тур оператори  кои што покажаа сериозен интерес да го вклучат Охрид  како една од дестинациите на нивните европски тури, рече градоначалникот Бакрачески.


 Бирото за Туризам во Далиан е  сериозна  институција која  привлекува  дури 53 милиони гости и туристи во овој кинески град   од кои што 1 милион и триста илјади се туристи од прекуокеански  држави. При  посетата  во Кина плодни  работни состаноци беа реализирани и во градот Шенжен.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1378  пати
Објавено на: 03.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©