Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СПЕЦИЈАЛНО ВОЗИЛО ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
Untitled Document

Денес Општина Охрид доби во владение специјално возило за транспорт, кое ќе го користат сите здруженија во општината. Возилото е обезбедено преку донации, во рамките на акцијата “Отворено срце“ спроведена во декември минатата година.
Иницијативата беше покрената од претпријатието “Отпад“ од Охрид и ЈП “Комуналец“, а беше поддржана од ЛАЈОНС клубовите “Лихнидос“, “Десарети“, Ротари клубот “Охрид“ и други правни и физички лица.

Заблагодарувајќи се за хуманиот гест градоначалникот Бакрачески истакна дека “еден од приоритетите во функционирањето на локалната самоуправа мора да биде и грижата за лицата со попреченост. Во таа насока, ние како локална самоуправа ја презедовме целокупната грижа околу стопанисувањето со возилото, неговото регистрирање, технички прегледи, опслужување и сервисирање, со што целосно го заокруживме реализирањето на овој проект“.

Градоначалникот Бакрачески истакна дека, сите здруженија на лица со попреченост ќе имаат можност да го користа возилото, како значајна алатка за нивна социјализација во општеството и извршување на редовните активности.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1232  пати
Објавено на: 17.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©