Фондот за иновации и технолошки развој, во соработка со општина Охрид, на 27 јуни 2016 година ( понеделник), во големата општинска сала, со почеток во 10 часот, ќе одржи инфо- сесија за појаснување и обука за аплицирање за користење кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва, старт- ап и спин- оф.
Фондот за иновации и технолошки развој го отвори третиот Јавен повик за доделување на средства преку Инструментот за поддршка - Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф. За овој инструмент може да добијат средства микро, мали и средни претпријатија кои постојат не подолго од 6 години во моментот на аплицирање до Фондот. Фондот доделува до 30.000 евра по предлог проект.
Јавниот повик може да се најде на веб страницата на Фондот Извор: www.ohrid.gov.mk |