Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРИВЛЕЧЕН ЛИК И УРЕДЕН ПАРКИНГ ПРОСТОР ДОБИ “ДОЛНИ САРАЈ“
Untitled Document

Еден од најрепрезентативните белези на Охрид месноста Долни Сара го враќа дамнешниот свој сјај. Уредувањето на  локалитетот  е  при крај и е  по налог на општина Охрид а согласно програмата на градоначалникот Никола Бакрачески за санација на репрезентативните делови од градот.

Деновиве  завршија градежните активности  и нов  убаво обележан паркинг простор кај “Долни Сарај“ доби Охрид.  На него е предвидено бесплатно  да се   паркираат околу дваесеттина автомобили.

Просторот  е целосно исчистен.   Изградена  е патека за минувачи поплочена со бехатон плочки а на страната кон катедралната црква“ Св. Софија“   поставени се и клупи за седнување и одмор. Просторот хорти културно се уреди а  се исчисти и еден одводен канал
По акцијата за уредување на Долни Сарај што по налог на Општина Охрид изминатиов период ја реализираа охридските јавни претпријатија локалитетот по долги децении повторно  стана привлечно катче за охриѓани и посетителите.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1423  пати
Објавено на: 01.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©