Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОМУ “МЕТОДИ ПАТЧЕ“ СО НОВ МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ
Untitled Document

Учениците од ОМУ “Методи Патче“, виолинистите: Даниел Мојсоски и Александар Грунчески од класата на професор Елица Џуклеска и виолинистот Бајрам Рамаданоски од класата на професор Мухамед Бајрам, минатата недела  учествуваа на два концерти во Блед и Љубљана, Р. Словенија. Случувањето  беше дел од   проектот „ Концерт на 100 млади што е европски партнерски проект а чиј дел стана и  Охрид по зачленувањето во Европската мрежа на градови со езера во Исео – Италија.


 
-Задоволни сме од она што го видовме и најмногу од придонесот на тројцата наши млади виолинисти,вели директорката на училиштето м-р Нина Момировска, потенцирајќи  дека овие средби се од големо значење за младите музичари, но и за рејтингот на охридското училиште кое последниве години интензивно комуницира со Светот, преку универзалниот јазик на музиката.


 
-Ваков концерт во Блед никогаш досега немало. Седумдесет млади музичари на сцената и полна сала, поздравена и од страна на градоначалникот на Блед , Јанез Фајфар. Салата беше претесна за сите кои сакаа да го видат „Оркестарот од 100 млади“ кој годинава беше составен од млади музичари од : Италија, Словенија, Србија и Македонија. За жал многу останаа надвор од салата,пишуваат медиумите во Словенија по концертите во Блед и ден пред тоа во Љубљана во концертната сала на  Словенечката филхармонија.  


Концертот беше поделен на два дела. Во првиот младите музичари изведоа композиции од класичната музика , а во вториот дел, познати музички теми од филмовите , како и дела од современи автори.


 Инаку , во август годинава,  во рамките на проектот „Концерт на 100 млади “ кој Општина Охрид го реализира со партнери од неколку европски држави а во кој се вклучени ученици од ОМУ „Методи Патче“ учениците настапија  во Белград и Нови Сад – Србија. Според координаторот на проектот Антонио Балевски идејата за  овој благороден проект  беше изнесена  на едно од заседанијата на Асоцијацијата на градови со езера каде што Охрид членува од неодамна. Општина Охрид и ОМУ „Методи Патче“ заеднички се подготвуваат проектот да го продолжат  и во следните две години.  

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1349  пати
Објавено на: 17.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©