Екипите на Ј.П. "Охридски Комуналец", покрај тековните активности, во
текот на денешниот ден беа ангажирани на повеќе локации. Се расчистува патот
за црквата "Св. Спас" во с. "Лакочереј", низ центарот на селото, главната
улица и се до мостот, каде што се коси нараснатата трева покрај истиот пат
на двете страни, со цел да има поголема прегледност и да можат да се
разминат возилата кои ќе циркулираат за предстојниот празник. Друг дел од
екипите се ангажирани на косење, уредување, метење и чистење во с.
"Трпејца". Поради обилните врнежи од дожд во текот на изминатите денови, и
поради барање на мештаните на с. "Велестово", Ј.П. "Охридски Комуналец"
излезе во пресрет за расчистување на одрони на камења, чакал и земја на
патот. Беше активирано специјално возило кое ги собра поголемите количини,
како и работници кои фино го исчистија патот.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |