Со заеднички заложби на Општина Охрид, Македонската амбасада во Белград- Србија и авио компанијата „Ер Србија“ се воспостави новта авио линија Белград – Охрид и обратно што стартува утре од охридскиот аеродром,„Св. Апостол Павле“.
На свеченоста закажана за утре ќе присуствува градоначалникот Никола Бакрачески кој беше главниот иницијатор за воспоставување на оваа линија и кој со поддршка на Владата на Р. Македонија ги реализира првите преговори и работни средби со менаџментот на реномираната „Ер Србија“.
Покрај Бакрачески на настанот ќе присуствуваат и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и
главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Влада Бранислав Маловиќ.
Воспоставувањето на оваа авио линија од една страна ќе биде во интерес на развој на туризмот што би значело носење на туристи од Србија но и од европските земји со кои белградскиот аеродром има конекции како и носење гости од Соединетите Американски Држави ако се земе во предвид фактот дека веќе пет пати неделно сообраќа авио линија Њујорк – Белград. Од друга страна оваа авио линија ќе биде значајна за нашите граѓани кои ќе ги користат поволните можности да патуваат од странските дестинации до дома и обратно преку Белградскиот аеродром. Извор: www.ohrid.gov.mk |