Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕКТОРОТ ЗА КОМУНАЛНИ ДЕЈНОСТИ СО НОЌНИ ДЕЖУРСТВА ЗА ЈАВНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
Untitled Document

Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид  започна   со  ноќни дежурства на вработените со цел ажурирање  на дефекти во електричната мрежа при јавното осветлување.
Оваа новина во работењето на Секторот за комунални дејности доаѓа по директна наредба на Градоначалникот Бакрачески, а како што велат надлежните   од Секторот таа е дел од акцискиот план за намалување на расходите и зголемување на ефективноста и ефикасноста на општинските служби кога е во прашање јавното осветлување.

Од Секторот за комунална дејност истакнуваат  дека досегашните трошоци за јавното осветлување се неколкукратно намалени а евидентно е дека граѓаните на Општина Охрид веќе добиваат подобри услуги.

Од Секторот уште еднаш со апел граѓаните телефонски или лично да ги пријавуваат дефектите во уличното осветлување и дотраените светилки за надлежните служби навремено и во најкраток можен рок да интервенираат.

 Ноќните дежурства на вработените, Секторот за комунални дејности ги спроведува согласно заклучоците од последниот координативен состанок на претставниците од Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид со градоначалникот и секретарот на општината а по директно барање на градоначалникот Никола  Бакрачески.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1280  пати
Објавено на: 04.09.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©