Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД ПОДГОТВУВА ЕДИНАЕСЕТ ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ БИДАТ ФИНАНСИРАНИ ОД СВЕТКА БАНКА
Untitled Document

Преку Секторот  за ТЛЕР, Општина Охрид, работи на изготвување на 11 проекти кои ќе бидат финансирани од Светска банка. Најголем дел од проектите се однесуваат на рехабилитација и реконструкција на повеќе улици, изведба на атмосферска канализација и набавка на визила за подигнувањена смет за ЈП “Охридски Комуналец“. Во моментов се работи на физибилити студија – Документ за оценка на проект (ПАД), во која се интегрирани сите планирани проекти, според правила и процедури на Светска банка. Во студијата досега е обработен делот за проектен опис и техничко решение на проектите. Во најскоро време треба да се одржи јавна раправа за планираните проекти со цел да се приберат податоци за дообработка на делот за социјалното влијание на планираните проекти, а останува да се изработи и делот на финансиска анализа на пректите во студијата.


Се очекува по минатомесечниот престој на претставниците на Светска Банка во Охрид и увид во фактичката состојба на терен, да се забрза процесот на одобрување на Документот – Физибилити студијата која Општина Охрид ја подготвува во координација со Единицата за управување со МСИП ( Проект за подобрување на општинските услуги при Министерството за финансии.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 18.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©