По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид , а по претходно утврден план и динамика за работа,теренски екипи на ЈП “Нискоградба“ започнаа со санација на ударните дупки низ улиците по целата територија на општина Охрид.
Деновиве, ударни дупки се санираа на улиците “7-ми Ноември“, “Кленоец“ и “Питу Гули“ а откако ќе дозволат временските услови градежните активности ќе продолжат по должината на улиците “Егејска“, “Туристичка“,“Даме Груев“,“Димитар Влахов“,“Марко Цепенков“,“Пере Тошев“ и уште некои помали улици на периферијата од општината.
По гребењето на асфалтот дупките се пополнуваат со бехатон плочки а во краток временски период тие ќе бидат заменети со асфалт.
Извор: www.ohrid.gov.mk |