Во период од 04.07.2014 до 07.07.2014 година на територијата на Општина Охрид ќе се снима играниот филм ''Татко'' од младиот режисер Висар Морина.
Општина Охрид како голем поддржувач на културата и филмската уметност,обезбеди непречено снимање на неколку локации низ градот и тоа: од Св.Јован Канео до хотел „Даљан“,ЈЗУ Специјална детска болница и патот кај селото Велестово.
За поголеми филмски ефекти согласно со предвидените сцени на филмот,ќе биде исклучено градското улично осветлување и тоа на следните улици во следниот период:
Локација 1,04.07.2014 година од 20 до 06 часот на ул.Васил Стефоски и ул.Махмут Рифатж
Локација 2 ,05,06,07.07 2014 година од 20 до 06 часот на ул.Трајче Трајчески,ул Васил Стефоски,Ул. Гоце Делчев, и тоа по стариот пат од Струга со раскрсинацата со ул.Трајче Трајчески.
Ве известуваме дека во горепосочените термини на горепосочените локации ќе биде исклучено јавното улично осветлување.
Извор: www.ohrid.gov.mk |