Седумнаесет наптреварувачки од повеќе држави низ светот своите сили ќе ги
одмерат на јубилејното 30. издание на Охридскиот пливачки маратон. Меѓу нив
е и минатогодишниот победник Евгениј Поп Ацев кој е фавориот и оваа година.
Покрај Евгениј, во машка конкуренција ќе учествуваат и македонците, Томи
Стефаноски и Александар Илиевски, аргентинците Акуилес Балаудо и Блаум
Дамаин, италјанецот Сточино Едоардо, бразилецот Евангелиста Матеус и
германецот Пистор Симон.
Во женска конкуренција ќе се натпреваруваат чехињата Силвие Рибарова,
русинките Килик Дариа и Олга Козудуб, аргентинките Гарсија Рита Ванеса,
Пилар Геијо и Викторија Мори, хрватката Дина Левачич, италјанката Елена
Лионело и венецуелката Вичениа Наваро.
Стартот на маратонот е закажан за 20 август во 12 часот од Св. Наум, а
пристигнувањето на првите маратонци се очекува да биде нека околу 17 часот
на градското пристаниште. Маратонот ќе се плива на триесет километарската
патека „Климе Савин“.
Извор: www.ohrid.gov.mk |