Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЛЕЖУВАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ
Untitled Document

Заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев со претставници на локалната самоуправа  во рамки на „Отворениот ден“ денес го посети  Здружението  на  лица со интелектуална попреченост – „ Зраци“ а  по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Локалната самоуправа  во континуитет ја дава несебичната поддршка и  работи на подобрување на условите за непречено функционирање на овој дневен центар.
 Изминатиов период, општината преку проект од УНДП, на два пати  од по шест месеци овозможи работен ангажман на пет лица од различни профили неопходни за непречено функционирање  на ова тело. Исто така, Локалната  доби и финансиски средства од Австралиската амбасада во износ од 7.200 австралиски долари наменети за овој центар. Преку активностите на овој проект , општина Охрид во текот на шест месечен период , финансиски ги покри трошоците за стручните лица ангажирани во центарот. Дел од средствата беа наменети  за збогатување на дневната програма за лицата со пречки во развојот со повеќе активности.

Инаку во тек е реализацијата на проектот на општина Охрид и Владата на Р. Македонија а кој се однесува  на реконструкција и проширување на овој дневен центар.

По повод 3 Декември- меѓународниот ден на лицата со попреченост  денеска  со почеток во 18 часот  во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид  ќе се одржи настан  насловен како „Инклузивна уметност“.

Организатор на случувањето е Центарот за подобрување на квалитетот  на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии  „Порака Нова “ од Струга во соработка со Здруженијата  на слепи од Охрид и Струга, Здруженијата  на глуви и наглуви лица од Охрид и Струга, Здружението „Добротољубие 2014„ при црквата Св. Ѓорѓија од Охрид, Дневниот центар „Зраци“ од Охрид, и посебните паралелки од ОУ  „Св. Климент Охридски“ од Охрид и ОУ „Браќа Миладиновци“ од Струга.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1339  пати
Објавено на: 03.12.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©