Пешачка патека од градското пристаниште до населбата Канео и модерна
марина ќе добие Охрид, најави денес премиерот Никола Груевски при
работна посета во градов. Премиерот истакна дека станува збор за
битни проекти за Охрид кои се дел од програмата на Владата и посочи дека
за истите веќе разговарале со градоначалникот на Охрид и министерот за
транспорт и врски.
-Сега треба да почне реконструкција, односно да почне изработка на
проект за што министерот за транспорт и врски ќе започне процедури и некаде
за од прилика една година отсега или година и неколку месеци да започне
градбата на оваа патека и да заврши до крајот на 2016 година. Разговаравме и
за марината за која што ќе требаат сериозни подготовки и се надевам некаде
од 2017 ќе почне и ќе заврши градбата, истакна Груевски.
Изградба на марина во Охрид е во фаза на идејно решение и треба да почне да
се реализира по фази од наредната година. Постојното градско пристаниште ќе
се адаптира при што ќе се направат два дополнителни крака на пристаништето.
Целиот проект се очекува да биде готов до 2018 година при што доколку има
интерес за јавен- приватен партнер согласно програмата , проектот ќе се
реализира по пат на јавно- приватно партнерство.
Подготовките за изградбата на пешачка патека до Канео ќе започнат во 2015
година.
Извор: www.ohrid.gov.mk |