Фондот за иновации и технолошки развој, денеска, во големата сала на Општина Охрид, организира обука со презентации за анализа на ризиците, пазарниот потенцијал, финансиска проекција и заштита на правата од интелектуална сопственост.
На обуката учествуваа претставници на микро, мали и средни претпријатија и установи кои вршат научно-истражувачка или високообразовна дејност, а презентер беше Питер Моѓуроши од Унгарија, оперативен советник за работењето на Фондот за иновации и технолошки развој на Република Македонија.
Во расправата по презентациите беше подвлечено дека Фондот за иновации и технолошкиот развој, преку ефикасни системи и процедури, посветени и професионални човечки ресурси и стабилни извори на финансирање, и во иднина ќе придонесува за поддршка на иновациските проекти.
На првиот успешен конкурс за кофинансирани грантови на „ старт- ап“ и „ спин- оф“ претпријатија и иновации, Фондот за иновации и технолошки развој финансиски поддржа 16 компании со вкупен износ од 458.700 евра, а во втората половина од оваа година ќе биде објавен и втор повик за сите инструменти на Фондот со расположлив буџет во износ од милион и 680 илјади евра.
Извор: www.ohrid.gov.mk |