Ватерполо екипите на Охрид и Струга, вечерва со почеток во 18 часот на
пливачкиот базен „ Атина Бојаџи“ ќе одиграат ревијален натпревар . Со овој
натпревар всушност завршува сезоната на пливачкиот базен, кој е дел од
спортскиот центар на ЈП „ Билјанини извори“ .
Одигрувањето на овој ревијален натпревар треба да иницира поголемо
внимание на јавноста и надлежните институции за развој на ватерполото
во Охрид и Струга.
Извор: www.ohrid.gov.mk |