Во пресрет на големиот христијански празник „Богојавление – Водици“, екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, во соработка со координативното тело за организација на манифестацијата, деновиве го украсуваа централното градско подрачје.
Канделабрите, пристаништето и тезгите на кои што ќе се служи топла ракија и вино, се украсени со зеленика и бршлен. Исто така низ Охридската чаршија и долж улиците кои водат кон Градското пристаниште се поставени знамињата на манифестацијата.
Извор: www.ohrid.gov.mk |