Градоначалникот Никола Бакрачески денес прими претставници од
Факултетот за физичка култура при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ од
Скопје“, предводени од деканот Вујица Живковиќ.
На работната средба се разговараше за идеалните услови кои ги нуди Охрид
за развој на спортски и здравствен туризам. Во развојот на овој вид туризам,
заеднички со стручна помош и обука на кадри би се вклучиле
медицинскиот и факултетите за туризам и физичка култура.
Беше заклучено дека битен предуслов за развој на спортскиот туризам во
Охрид е изградба на Спортско рекреативниот центар
“Билјанини извори“ во кој се предвидени: главно фудбалско игралиште,
две помошни игралишта со природна и едно игралиште со
вештачка трева. Со тоа Охрид ќе биде втор град во државава со четири
фудбалски игралишта. Центарот ќе располага и со отворен и затворен
базен, две спортски сали- голема и фитнес сала , шест игралишта за
кошарка и осум за тенис. Во план е изградба на игралиште за хокеј на
трева а се размислув а и за покриена атлетска патека со должина од
120 метри, која ќе се наоѓа помеѓу спорската сала и игралиштето.
Градоначалникот Бакрачески побара од Факултетот за туризам заедно со
Пливачката федерација на Македонија да се вклучат во организацијата на
Меѓународниот пливачки маратон , со цел истиот да го врати дамнешниот
сјај како врвен спортски и туристичко препознатлив бренд на Охрид.
Гостите, го поздравија спектакуларното отворање и организацијата на
спортскиот настан “Гимназијада“, што се одржа во Охрид како и
ангажирањето на професорите по физичка култура во охридските основни
училишта.
Инаку,охридската локална власт ќе даде логистичка поддршка за првата
Меѓународна научна конференција по физичко образование , спорт и здравје
што на крајов од овој месец ќе се одржи во Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |