Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПЛОШТАД, РЕКОНСТРУИРАН ДОМ И ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ СЕ ГРАДАТ ВО НАСЕЛБАТА РАЧА
Untitled Document

После неодамнешната средба со жителите на населба Рача на која заеднички беа утврдени приоритените потреби за подобрување на условите во населбата, денес Градоначалникот Бакрачески ја посети локацијата каде што се започнати градежните работи за изградба на плоштад, простор наменет за детско игралиште, како и реконструкција и доградба на разрушениот Дом.

Според Проектот по кој се изведуваат градежните работи, плоштадот во населбата Рача треба  да е партерно уреден, во еден дел оплеменет со зелена површина, ќе бидат поставени клупи за одмор, ќе се постави мала фонатана, а целиот простор ќе биде соодветно осветлен. 

Руинираниот објект што некогаш требало да претставува место за собирање на жителите и простор за организирање на настани, ќе биде целосно обновен и дограден. Градежните работи на целиот простор ќе се изведуваат фазно, а се очекува да завршат до почетокот на летото.



Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1296  пати
Објавено на: 07.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©