Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СТАРТУВАШЕ НОВОГОДИШНАТА ПРОГРАМА ВЕЧЕРВА СЕ ОТВОРА ЛИЗГАЛИШТЕТО НА МРАЗ
Untitled Document

Со културно уметничкиот настап на учениците од ОУ “Христо Узунов“, синоќа на сцената на градскиот плоштад, официјално започна Новогодишната 10- дневна програма во организација на Општина Охрид. Настапот на околу 200-те ученици конципиран во знакот на новогодишните и божиќни песни го следеше бројна публика. Ниските температури под нулата не беа причина  охриѓани да останат пред бината до крајот на настапот.     

Во рамки на новогодишната програма, вечерва со почеток во 20 часот со настапот на музичката ѕвезда Ламбе Алабакоски свечено ќе биде отворено лизгалиштето на мраз кај гарадскиот плоштад. Пред  официјалниот старт на лизгалиштето настапи ќе имаат учениците од основните училишта “Братство и Единство“ и “Григор Прличев“. Инаку настапите на основците и средношколците од градов продолжува во секој нареден ден до 30 декември. Покрај учениците на сцената кај плоштадот ќе настапуваат    членови на културно уметнички друштва, и актери од охридскиот театар. Во среда во Спортската сала “Атина Бојаџи“ од 18 до 19:30 часот е Новогодишната Програма на Општина Охрид. Во четврток во ЦК “Григор Прличев“ ќе се одржи хуманитарен концерт  “Пееме да помогнеме и да се забавуваме“,а во сабота на градскиот плоштад ќе се одржи stend- up комедија во изведба на  Никола Тодороски. Новогодишната програма се заокружува идниот понеделник со настап на Фолклорните ансамбли: “Ѓердан“, “Македонка“ и “Илинден“.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1263  пати
Објавено на: 23.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©