Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРОМОТИВНАТА ТУРА ГИ ПРЕЗЕНТИРА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ НА ОХРИД
Untitled Document

Во рамките на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, oпштина Охрид во периодот од 4 до 6 април ja организираше   промотивната тура „ Охрид 2014 “, која ја оствари целта за афирмација на градот како дел од најпознатите туристички дестинации.
Иако започна како пилот проект, промоцијата на Охрид ја зголеми можноста за поголема соработка и подобро запознавање на туристите од земјите учесници на „Промотивната тура“ со најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини.

Студиското патување на гостите  со  претставници на туроператори, туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово, ја донесе првата репортажа на телевизиската  куќа TGRT од Турција.

И Holiday TV известуваше за убавините, природните богатства, мирот и спокојот надополнети со модерното уживање,   а  деновиве Република  Македонија и Охрид осамнаа на страниците на  Магазинот на Holiday Media каде на 4 страници е опишана библиската земја, а вековитиот Охрид се најде на листата дестинации кои крадат воздишки и нудат беспрекорно уживање.
Магазинот Holiday Media се печати во тираж од 10 000 примероци на англиски и руски јазик и се дистрибуира во поголемите аеродроми и трговски центри низ целиот свет.

Воедно турскиот сателитски канал TGRT емитуваше серијал од 3 репортажни документарни емисии посветени на Охрид кои беа снимени за време на престојот на нивната екипа во рамките на промотивната тура  „ Охрид 2014“ и беа емитувани по десет пати за секоја емисија во текот на една недела. Преку оваа активност на Секторот за  турузам и локален економски развој се  реализира мошне успешна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид во една од најпопуларните емисии за туристички дестинации пред големиот турски аудиториум.Документарните емисии можете да ги погледате на следните линкови:  

Од наредната година  Локалната самоуправа планира зголемување на буџетот на Секторот за туризам и локален економски развој, со што ќе е овозможи организирање на ваква тура на едно повисоко ниво и со поголем број на учесници.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1303  пати
Објавено на: 10.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©