На државниот натпревар во шах, што како дел од натпреварите во училишен спорт се одржа во Велес, Јана Анѓелкоска , ученичка од шесто одделение од ОУ „ Григор Прличев“ од Охрид го освои второто место во нејзината категорија.
На натпреварот, во организација на Шаховскиот клуб „ Ласкер“ и со поддршка на општина Охрид учествуваа ученици од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ , ОУ „ Ванчо Николески“ , ОУ „ Живко Чинго“ , ОУ „ Св. Климент Охридски“, ОУ „ Христо Узунов“ и ОУ „ Григор Прличев“ .
Извор: www.ohrid.gov.mk |