Се известуваат граѓаните на Охрид, дека на ден 12.06.2013 година, општина Охрид ќе отпочне со градежни активности на улица Радојца Новичиќ.
Заради специфичноста и технологијата на изведување на градежните работи, улицата ќе биде целосно затворена во текот на денот од 08:00 до 17:00 часот во периодот од 12.06.2013 до 19.06.2013, освен во деновите од викенд (сабота-недела).
Градежните работи ќе ги изведува градежната фирма АД "Гранит"- Скопје.
Од граѓаните очекуваме разбирање за оваа времена состојба и придржување на изменетиот режим на сообраќај на тој потег.
Извор: www.ohrid.gov.mk |