Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД Е БЕЗБЕДНО МЕСТО И СИТЕ ТУРИСТИ ТРЕБА БЕЗ РАЗМИСЛУВАЊЕ ДА ГО ПОСЕТАТ
Untitled Document Untitled Document

Охрид е безбедно место за сите туристи а политичките лидери во земјава итно да ја разрешат политичката криза во Македонија  која  има влијание врз туризмот, порачаа од Охрид градоначалникот Никола Бакрачески и амбасадорот на кралството Холандија во Р. Македонија, Вилем Воутер Пломп кој е во еднодневна посета  на нашиот град.


 


- Се надеваме дека бројот на холандски туристи ќе го прати растечкиот тренд кој што го имаме изминативе години и од година во година ќе биде се поголем и поголем и тоа е јасна порака не само до граѓаните на Холандија туку и на сите евроспки држави, дека градот Охрид  се движи во вистинска насока и дека ова е безбедно место кое што Унеско го препозна пред многу години како светско културно и природно наследство, изјави градоначалникот  на Охрид,Никола Бакрачески
 


 Амбасадорот Пломп  ги повика холандските гости без размислување да патуваат за Македонија и да го посетат убавиот Охрид. Притоа тој изрази уверување дека политичките лидери во земјава ќе донесат    одлуки,  прифатливи за македонските граѓани, кои како гласачи секако  ќе го имаат последниот збор.


 


- Дефинитивно ги повикувам холандските гости да продолжат да доаѓаат во Македонија, а во исто време ја повторувам мојата порака но и порака од министерот од минатиот понеделник во  Брисел, која се однесува  до политичките лидери во Скопје да изнајдат решение за политичката криза и итно да продолжат со приоритетните реформи,  изјави  холандскиот амбасадор  Пломп.


 
Градоначалникот Бакрачески и холандскиот амбасадор Пломп ,    положија цвеќе на споменикот на познатиот холандски писател и новинар, вљубеникот во  Охрид,   А. Ден Долард.


-Знаете дека уште во далечната 1939г со својот роман “Свадба на седумте цигани”А. Ден Долард , ја опиша на најдобар можен начин убавината на Охрид и на овој крај, којшто на некој начин беше основен придивижувачки момент за развој на туризмот во Охрид, за привлекување на холандските туристи. Тоа е во најголем дел заслуга на она што Ден Долард со љубов го опиша за градот Охрид. Упатувам јасна порака до холандските туристи кои што престојуваат во градот и оние кои во иднина ќе дојдат во Охрид , да се чувствуваат тука како да се во свој град , да се чувствуваат безбедно и пред се присутноста на Амбасадорот денес е еден од начините да се промовира градот , не само во Холандија туку и во цела Европа, истакна градоначалникот Бакрачески.
 


 Амбасадорот Пломп се заблагодари за пречекот и остварената средба со градоначалникот  Бакрачески како и  за добриот пречек на  холандските туристи кои се веќе во Охрид.


-Ова е голема чест за мене што сум тука на ова историско место за холандскиот писател, новинар и патувач А. Ден Долард. Мислам дека Ден Долар е многу познат во Македонија, можеби поради три причини. Прво мислам дека тој е најголемиот Амбасадор во Македонија од Холандија и Западна Европа. Тој донесе многу туристи во Македонија во 70те години а тоа се случува и во последниве години повторно во убавиот Охрид но и Македонија. Втората причина поради која  тој беше  познат  е што беше   независен новинар. Тој патуваше насекаде во земјите , посебно на Балканот. Беше критички новинар. Третата причина поради која би го споменал е тоа што беше голем планинар. Беше патувач, планинар , вљубеник во природата. Сакаше да гледа  како туристите во  Македонија уживаат во големата природна убавина, посебно во Охрид .Токму Ден Долар е најзаслужниот за големиот број  холандски туристи кои доаѓаат во Охрид  изминатите години но и сега, истакна амбасадорот Пломп.


 Од страна на двајцата соговорници беше  искажано очекувањето за  зголемување на бројот на холандски туристи во Охрид, она што во континуитет се случува до денес.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1373  пати
Објавено на: 26.05.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©