Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ВО ПОСЕТА НА ИЗРАЕЛСКИТЕ ГРАДОВИ ЈОКНЕМ И ХАИФА
Untitled Document

Како дел од неколкудневната  работна посета во Израел, градоначалникот на Охрид Никола  Бакрачески се сретна со  градоначалниците на градовите   Јокнем и Хаифа .

При  престојот во  Јокнем, Бакрачески заедно со домаќинот, Симон Алфаси  направи  обиколка на технолошкиот парк   при што  беше запознаен со стратегијата на градот  за привлекување на инвеститори. Во оваа зона со површина од 250 хектари се сместени претставништвата , производствените погони и научно истражувачките центри на најголемите светски компании  во ИТ  секторот,  фармацевтската и индустрија за производство на медицински производи. Бакрачески се интересираше за стратегијата за заштита на човековата околина со оглед на тоа што зоната се гради во рамките на заштитениот биосферн резерват во оваа област. Посетата на Јокнем продолжи  во „Biosense Webster“, водечката светска компанија за производство на опрема за дијагноза и третман на срцеви аритмии каде беше одржана и презентација на бизнис плановите, растот и развојот на компанијата во последните пет години.

Во израелскиот град Хаифа, градоначалникот Бакрачески  беше гостин на градоначалникот Јона Јахав кој организираше посета на „Технион“ центарот а потоа и предавање на тема урбанистичко планирање на градот, од страна на професор Јехуда Калај, декан на Факултетот за архитектура и урбано планирање во Хаифа.

Хаифа е третиот по големина град во Израел а Висечките градини на Бахаи како едни од  најпознатите светски чуда се под заштита на УНЕСКО.      

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1361  пати
Објавено на: 20.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©