Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ХРВАТСКОТО СОБРАНИЕ ЈОСИП ЛЕКО
Untitled Document

На маргините на 10-та Конференција на претседатели на парламенти на ПСИЈЕ, градоначалникот на општина Охрид , Никола Бакрачески , оствари средба со г-дин Јосип Леко, претседател на хрватското Собрание.

На средбата беше потенцирана потребата од поголема афирмација на охридското природно и културно наследство , а  разгледани беа и  можностите за продлабочување на соработката меѓу Охрид со градови од Република Хрватска.

Понатамошната соработка во областа на туризмот  како и можностите за заеднички настап за аплицирање и остварувањето на голем број европски  проекти во рамките на Програмата на Европската Унија што ќе претставува директна придобивка за граѓаните на општина Охрид– истакна градоначалникот Бакрачески.

Хрватската делегација изрази воодушевување од природата и убавините кои ги има Охрид и најави интензивирање на контактите, зашто Охрид има навистина што да понуди.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1234  пати
Објавено на: 27.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©