Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАНИ 1 000 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЦАР САМУИЛ
Untitled Document

Со  пригодна свеченост општина Охрид заедно со основните училишта  од градов  и со    дел од екипата  која ќе снима филм за Цар Самуил , денеска во Охрид на Самуиловата тврдина  ја одбележа 1 000 годишнината  од смртта на Цар Самуиил.

Денес е ден со кој што и охриѓани и граѓаните на Република Македонија треба да се гордеат. Ден кој не потсетува на нашите предци од средновековното минато и ден кој не потсетува на нашите корени затоа што  како што рекле мудреците не може да се гради сегашноста и иднината доколку не се познава добро своето минато. Од друга страна,  Самуиловата тврдина  е еден од најзначајните споменици на културата во  Охрид и своевидна туристичка атракција, обележје на градов  и како таква влегува  во рамки на градските симболи: грбот и знамето .  И сами знаете дека  во последно време  многу историчари од соседните земји и од други  држави поведени од дневно политички цели  прават обиди да ја присвојат историјата на Р. Македонија вклучително и наследството на Цар Самуил, односно  неговото потекло и периодот на неговото живеење. Меѓутоа, она што јас сакам да го порачам е дека секогаш при градење на едно научно- историско сознание треба да се користат научни факти и аргументи врз основа на кои што понатака се гради одредена теза или теорија која што треба да биде потврдена . Ние како граѓани на Република Македонија и како охриѓани го сметаме Цар Самуил како основоположник  на македонското средновековно царство и како таков го прославуваме, изјави градоначалникот Никола  Бакрачески кој пред присутните имаше и пригодно обраќање.    

На случувањето беа  и продуцентот Дејан Милошевски , режисерот Антонио Митриќески  и актерката Билјана Танески кои  се дел од екипата која во наредниов период  ќе снимаат филм за  животот на големиот македонски владател , цар Самуил.

Ние сме во големи припреми за еден сериозен филмски проект , да не кажам спектакл. Се работи за играниот филм “Цар Самуил“. Какао режисер и автор за мене е фасцинантно да ја доловам таа енергија и тоа време. Навистина некои локации што ги одбравме се прекрасни. Главните локации ќе бидат во Охрид, тука на Самуиловата тврдина, планината Галичица, Охридското Езеро и околу него како и Преспанското езеро. Овие локации ќе бидат главни за филмот во кој ќе учествуваат плејада македонски  актери.  Филмот е всушност драма меѓи двајца цареви , едниот Василиј Втори кој бил голем император во тоа време и  другиот Царот Самуил кој се бори против Василиј  и го формира првото средновековно македонско царство. Во филмот се  работи за цар Самуил, неговата фамилија, како и многуте предавства и игри во царството. Од друа страна Василиј немал фамилија и целосно бил предаден на  градење на големата византиска држава. Значи ќе бидат опфатени тие внатрешни проблеми, конфликти што ги имал цар Самуил. Значи во филмот  ќе навлеземе и во  приватниот живот на Самуил, ќе бидат опфатени и неговите  четири ќерки и два сина, рече режисерот Антонио Митриќески.

Актерката Билјана Танески  не сакаше да открива  која улога ќе ја игра но истакна дека е среќна  и задоволна што е дел од големиот проект кој се прави во чест на македонскиот владател, Цар Самуил. 

Предвидено е снимањето во Охрид и неговата околина да биде три до четири недели. Филмскиот проект е поддржан од Министерството за култура.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1377  пати
Објавено на: 06.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©