Оваа работна седмица екипите на „Паркови и зеленило„ вршат тековно
одржување на зелениот појас помеѓу двата коловози вдолж ул.„Железничка„.
Бетонската жардињера се расчистува од ниската дива вегетација, се
отстрануваат оштетените садници, а на местата каде се украдени садници се
засадуваат нови. Зелената ограда од пироканта и котонастер се поткаструва и
соодветно се оформува. Овие активности се одвиваат координирано со „Јавна
хигиена„ кои темелно ја метат оваа сообраќајница и околниот простор.
Повеќе...
Извор: www.ohrid.gov.mk |