Општина Охрид и ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид ги известуваат
граѓаните дека Министерството за Транспорт и врски во соработка со
Министерството за Здравство во четврток на 24.09. 2015г.ќе изврши авио
третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци ( аеросолна
адултицидна дезинсекција )
Запрашувањето ,почнувајќи од 05 часот до 8.00 часот ќе биде опфатен потегот
од Прентов мост до вливот во Охридското Езеро по течението на Коселска река
.
Поради запрашувањето против комарци се известуваат пчеларите на 24ти
септември (четврток) 2015година да не ги пуштаат пчелите од кошниците,
односно да ги преземат потребните мерки за нивна заштита.
Се известуваат граѓаните на Општина Охрид дека препаратот со кој ќе се
изврши запрашувањето не е штетен за луѓето и животните, односно водата и
почвата.
Доколку временските услови не го овозможат вршењето на дезинсекцијата,
запрашувањето ќе се изврши во наредниот поволен период.
Извор: www.ohrid.gov.mk |