Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денеска оствари
протоколарна средба со амбасадорот на САД во Република Македонија ,Пол
Волерс.
Почесниот гостин интересирајќи се за актуелните состојби и случувања
во Охрид, истакна дека градов е еден од најубавите во светски рамки
во кои престојувал досега и дека повторно и секогаш би се враќал
тука. За него и неговото семејство убавата клима, езерото и културно-
историските споменици секогаш го прават посебен Охрид и токму затоа
тоа е местото на кое ги повикувале да престојуваат и своите пријатели.
Притоа градоначалникот Бакрачески и амбасадорот Волерс се
сложија дека на Охрид му недостига по агресивна маркетиншка кампања ,
всушност она за што консултанти од Универзитетот од
Пенсилванија му укажале на градоначалникот Бакрачески , дека на Охрид не му
недостига ништо освен поагресивна маркетиншка кампања.
Градоначалникот Бакрачески го запозна амбасадорот Волерс со бројот на
холандските туристи кои последниве години се враќаат на ривиерава а кои
доаѓаат организирано со 5 до 9 чартер летови, како и тоа дека е зголемен
бројот на туристи од Турција , но и од Полска и од земјите на Бенелукс.
Амбасадорот пројави интерес и околу финансиската кондиција на Општина Охрид
и долговите кои генерално му беа познати за што повеќе детали доби од
градоначалникот околу наследениот долг, колку буџети треба да се
вратат како и тоа дека дневната камата по основ на долгови е околу
14 500 евра.
Во делот на индустрискиот развој на Охрид стана збор за новата
индустриска зона кај “Мауцхер“ што се гради со буџетски средства од
Општина Охрид. Градоначалникот укажа и на тоа дека Општината
остварила контакти со канадска компанија од сферата на компјутерската
индустрија како и тоа дека во финална фаза е подготовката на
документацијата околу нивната инвестиција.
Амбасадорот на заминување, Пол Волерс вети дека и понатака ќе биде чест
гостин на Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk
|