Вечерва, со почеток во 21.00 часот, градоначалникот Никола Бакрачески ќе
го стави во употреба повеќенаменското спортско игралиште кое се наоѓа во
населбата Лескајца наспроти детската градинка. Игралиштето е опремено со
детски реквизити, кош кој е поставен на површина која има заштитна гумена
подлога и мини фонтана. Паркот кој е во рамки на игралиштето е хортикултурно
опремен. Пристапните патеки кои водат до игралиштето се поплочени со бехатон
плочки, а теренот е комплетно асфалтиран.
Ова повеќенаменско спортско игралиште е дел од програмата на градоначалникот
Никола Бакрачески, според која на овој потег беше планирана изградба на
игралиште од ваков тип и истото е целосно финансирано од буџетот на општина
Охрид.
Извор: www.ohrid.gov.mk |