Советот на општина Охрид , на денешната седница ги усвои измените на програмите за 2013 година за детска заштита, култура, образование, социјална заштита, спорт, поддршка на локалниот економски развој, поттикнување на развојот на туризмот, уредување на градежното земјиште, комунални услуги,за јавни паркови и зеленило и капитални инвестиции во оваа област, изградба и реконструкција на локални патишта и улици, јавно осветлување, одржување и заштита на локалните патишта,улици и регулирање на режимот на сообраќај, изведба на системи за одведување и пречистување на отпадни води до 2015 година, изградба и одржување на системи за водоснабдување до 2015 година, за јавна чистота, изградба на сообрааќајна сигнализација, изработка на урбанистички планови и заштита на животната средина и природата.
На седницата на Советот беа прифатени изменување и дополнување на Буџетот на општина Охрид за 2013 година, измена на Статутот на ЈП „Нискоградба Охрид ” , годишната програма за работа на ОЈУ отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Кузман Шапкарев“ - Охрид за учебната 2013/2014 година, а беше прифатена и оперативната програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на град Охрид , приградските и селските населби за 2013/2014 год.
Од областа на урбанизмот беше прифатени иницијативата за изработка на ДУП во УЗ 5 УБ 5.4 на Kп.бр 7080/1 и други КО Охрид 1, утврдена беше потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на КП. бр 2035 КО Пештани, донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Кп.136/1 и 3101 КО Куратица, за вклопување на бесправно изградениот објект Кп. бр. 1106/2,1106/4 и 1105/1 КО Долно Лакочереј, за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр 1685 КО Пештани, а беше утврдена и потребата од донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за Кп.бр. 1905/1 КО Охрид 4.
Беа утврдени потребите од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на кп. бр 13917 КО Охрид 3, донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. бр 13336 КО Охрид 3, донесување на урбанистичко планска докуметација со цел вклопување на бесправните објекти, кои објекти се наоѓаат на Kп.бр.2216/4 КО Велгошти, донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето Кп.бр 6227/1, 6227/3 и 6481/14 и 6481/10 КО Охрид 4, донесување на урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект Kп.бр 1110/2 КО Долно Лакочереј. донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп.бр 1200 и 2340 КО Опеница, донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп.бр 1203/3 КО Опеница, донесување на урбанистичко планска документација за изработка на урбанистички план за село Кп.Бр 2737/2 КО Велгошти, донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп.бр 7828/1 КО Охрид 1 и донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на трасата на сообраќајна инфраструктура на Кп. Бр 15482 КО Охрид 3.
Извор: www.ohrid.gov.mk |