Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНА BEACH VOLLEYBALL OHRID 2013
Untitled Document

Вчера   со  турнирите   за   рекреативни  натпреварувачи  и  за   одбојкари  до  20  години,
започна седмото по ред Отворено првенство во одбојка на песок Охрид 2013.

Рекреативните  и  јуниорските  натпревари  се  само  увертира  на  професионалниот турнир кој треба да започне од утре и до недела на публиката на плажата Бафало во Охрид да им ја понуди најновата атракција на песок.

На турнирот до сега се пријавени 12 тимови од Македонија, Бугарија, Косово и Албанија.

Од  страна  на  македонските  екипи,  за  највисок  пласман  се  очекува  да  се  борат тимовите на Дејан Симовски и Кристијан Ристевски, кај машките, и Власта Ружиновска и Сандра Георгиевска кај женските.

Минатата година победничките похари ги однесоа косовските екипи Никчи и Хусај, кај мажите и Ибраими и Јашари кај жените. Овие двојки повторно се пријавени за учество и на овогодинешниот турнир и ќе ги бранат титулите од лани.

Директен  пренос  од  женското  и  машкото финале  ќе  има  на  Македонската  телевизија
во недела со почеток во 18 часот.

Паралелно   со   професионалниот  турнир,  викендов  ќе  се   одиграат  и  натпреварите  од
компанискиот турнир.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1230  пати
Објавено на: 25.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©