Со интервју со градоначалникот Никола Бакрачески, екипата на телевизијата од пријателскиот град Далиан од Народна Република Кина, денеска го заврши неколкудневното снимање на репортажи за Охрид.
-Ви благодарам што дојдовте во Охрид и се надевам дека во текот на седумдневниот престој снимивте доволно материјали за да подготвите неколку репортажи кои ќе се емитуваат на телевизијата во Далиан. Ја користам можноста до раководството и жителита на пријателскиот Далиан да испратам искрени поздрави од древниот Охрид и да ги поканам почесто да доаѓаат кај нас за да креираме и реализираме нови форми на соработка и да ги јакнеме веќе воспоставените пријателски односи- рече во поширокото интервју, градоначалникот Никола Бакрачески.
Во рамките на престојот во Охрид, екипата на телевизијата од Далиан од Народна Република Кина снимаше на повеќе атрактивни локации, разговараше со познавачи на природното и културното богатство, но и со обични граѓани. За нив најсилен впечаток оставиле убавините на Охрид, Охридското Езеро и културното наследство, а се воодушевиле од убавата храна и гостопримливоста на охриѓани.
Извор: www.ohrid.gov.mk |