Денеска екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец„ вршат чистење на локалитетот кој претставува обновено живеалиште на жолтиот локвањ, во областа Мазија на кејот од Охридското Езеро.
Подигнати се 3 м3 трска, како и комунален отпад во кој најзастапена е пластиката.
Апелираме до граѓаните , овој локалитет со раритетниот локвањ треба сите заедно да го заштитиме покажувајќи поголема еколошка свест.
Ваквите активности не се опфатени со редовните активности, туку припаѓаат во вонредните активности од Програмата за работа за 2013 год. и се извршуваат по претходно добиен налог од Комуналната инспекција.
Извор: www.ohrid.gov.mk |