Градоначалникот Никола Бакрачески, денеска имаше офицјална средба со
амбасадорката на Германија во Република Македонија Кристине Алтхаузер.
На средбата се разговарало за продлабочување на досегашната соработка,
реализираните и проектите за идниот период кои се поддржани од
германската амбасада.
-Искрено и благодарам на амбасадорката Алтхаузер за посетата на
Охрид и за поддршката што нивната амбасада ја дава за развојот
на Охрид. Започнавме со проектот за обнова и реконструкција на детското
игралиште кај каналот Студенчишта, со одобрување на нивни грант од
речиси 8 илјади евра. Реконструкцијата се одвива со забрзана динамика и
очекуваме игралиштето да биде реконструирано до средината на идниот
месец.Претходно благодарение на донација од германската амбасада ги
реконструиравме каптажите и главниот резервоар во селото Куратица , со што
видно се подобри водоснабдувањето на оваа населба- изјави по средбата
градоначалникот Бакрачески. Според градоначалникот Бакрачески, на средбата
станало збор и за соработка во областа на образованието, туризмот,а особено
во бизнис секторот.
- Амбасадорката на Германија во Република Македонија Кристине
Алтхаузер, се заблагодари за приемот и вети дека и во иднина ќе се
реализираат заеднички проекти, со посебен акцент на економската соработка. „
Денеска дојдов на почетокот на изградбата на фабриката на германската фирма
ОДВ-Електрик, во технолошко индустриската развојна зона ,што се наоѓа во
близината на Охрид и многу сум среќна што ќе се реализира оваа инвестиција,
со која се внесува модерна технологија и се отвораат нови работни
места. Тоа е крупен зафат и искрено се надевам дека ќе имаме вакви големи
инвестиции во повеќе области на економскиот развој на Охрид и Република
Македонија- изјави Алтхаузер.
На средбата, како што беше соопштено, градоначалникот Бакрачески и
амбасадорката Алтхаузер, покренале иницијатива за збратимување на Охрид со
некој град од Германија.
Извор: www.ohrid.gov.mk |