Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ОГЛАС
Untitled Document

Програмата Општинско Корисна Работа претставува активност на долгорочно невработени лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање  со скратено работно време – 20 работни часа неделно со цел стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот.

Општина Охрид распишува оглас за ангажирање на пет лица на следните работни позиции

1.Дефектолог  - 1 извршител со завршено високо образование – Филозовски факултет
2.Социјален работник – 1 извршител со завршено високо образование- Филозовски факултет
3.Психолог – 1 извршител со завршено високо образование –Филозовски факултет
4.Техничко лице, средно образование – 1 извршител
5.Техничко лице ,средно стручно образование,медицинска сестра – 1 извршител

Пријавените кандидати треба да ги исполнуваат горенаведените критериуми согласно работното место за кое аплицирале. Предност ќе имаат кандидатите кои исполнуваат некој од следните критериуми, односно доколку се:

-лица кои подолго време немаат работа и потешко се вклучуваат во пазарот на трудот
-самохрани родители или еднородителски семејства
-невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен
-лица од многудетни семејства

Кандидатите треба да достават пријава и изјава кои ќе можат да ги подигнат и достават во Агенција за вработување во канцеларија бр.3 на спрат.
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) работни дена сметано од денот на објавувањето на огласот.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат земени за разгледување.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1254  пати
Објавено на: 22.10.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©