Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
БЕСПЛАТНО ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ТУРИСТИЧКАТА ПОНУДА
Untitled Document

Општина Охрид преку Секторот за туризам и локален економски развој ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и другите субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку  веб страницата www.ipult.info

За таа цел потребно е да се испратата информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени и на информативните “touch screen“ уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите.

Воедно се повикуваат сите регистрирани приватни станоиздавачи и хотели, своите понуди да ги објавуваат и на веб страницата http://www.ohrid-apartments.info  со што ќе се овозможи брзо и лесно пребарување на сместувачките капацитети (соби и апартмани) и услуги од страна на посетителите на страницата.

Субјектите кои веќе ги нудат своите услуги на www.ipult.info и http://www.ohrid-apartments.info  треба да ги ажурираат (обноват) податоците.

Заинтересираните, за подетални информации можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид на тел. 046/230-175.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 24.03.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©